Шекеринска: 12.000 денари месечно за семејствата без никаков приход

Во изминатиов период ги посетивме сите села и градови, во изборната единица 5 и во цела Македонија. Секаде граѓаните бараат шанса за подобар живот тука во татковината. 500.000 граѓани низ цела Македонија живеат во сиромаштија и ова е проблем број еден кој мора да го решиме за да животот во Македонија стане подобар, изјави Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

Затоа во нашиот План за живот во Македонија предвидовме посебна програма за извлекување од сиромаштија на семејствата коишто живеат во најлоши услови.

За секое четиричлено семејство коешто нема никаков приход, државата ќе обезбеди 12.000 денари финансиска поддршка.

Доколку проходот во семејството по различни основи е на пример 6.000 денари тогаш државата ќе додаде дополнителни 6.000 денари за да во секое семејство влегуваат најмалку 12.000 денари, истакна Шекеринска.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.