„Република“: Шекеринска за луксузната вила плаќала по 2.000 евра од вечер

Заменик-претседателката на опозициската СДСМ, Радмила Шекеринска за луксузната вила во Грција плаќала по 2.000 евра од вечер. Шекеринска беше сместена во една од најлуксузните вили во Западна Грција, којашто се наоѓа на Јонското крајбрежје, а таму престојот од ден во месец август е 2.000 евра, или пак за 10 дена цената е 18. 000 евра.

Шекеринска плаќала по 2.000 евра од вечер за луксузната вила во Грција
Шекеринска плаќала по 2.000 евра од вечер за луксузната вила во Грција

Порталот Република ги пренесува податоците и фото-галеријата превземени од официјалниот сајт на луксузната вила karvounovillas.gr .

Шекеринска плаќала по 2.000 евра од вечер за луксузната вила во Грција
Шекеринска плаќала по 2.000 евра од вечер за луксузната вила во Грција

Република поставува прашање колку пари потрошила Шекеринска за луксузната вила во Грција.

Ако само престојот на потпретседателката на СДСМ, Шекеринска чини 2.000 евра од ноќ, колку вкупно чини нејзиниот одмор? 20.000 евра? 30.000? 40.000 евра?, прашува Република.

Шекеринска плаќала по 2.000 евра од вечер за луксузната вила во Грција
Шекеринска плаќала по 2.000 евра од вечер за луксузната вила во Грција

Џипот, јахтата, скапата облека, луксузната вила денес се одлика на годишниот одмор на заменик потпретседателот на СДСМ. Погледнете ги сликите и запрашајте се дали за ова луксузирање некој треба да даде одговор, пишува Република.

Повеќе фотографии од луксузната вила каде одмараше Радмила Шекеринска погледнете на Република

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.