Македонија

Шекеринска го негира Груби: Договор за името нема

Шекеринска го негира Груби: Договор за името нема

Вицепремиерката и министерка за одбрана од СДСМ, Радмила Шекеринска, во интервјуто за телвизијата ТВ24 во петокот вечерта, коментирајќи ја изјавата на Артан Груби од коалицискиот партнер во владата ДУИ, дека постигнат е договор за името, рече дека работите во спорот за името се далеку од такво нешто.

Претходно во петокот, челникот на парламентарката комисија за надворешна политика
Артан Груби, кој во Њујорк се среќава со медијаторот Метју Нимиц со цел да му понуди дополнителни идеи за решавање на спорот за името, во интервју за Гласот на Америка, меѓу другото, рече дека е постигнат договор за името со Грција, и оти во моментов се догавараат деталите.

„Груби изгледа е голем оптимист. Не мислам дека е точна таа процена. Во спорови кои траат толку долго, нијанси одлучуваат. И се додека немате договор, сте далеку од договор. Ние посакуваме проблемот побрзо да се реши. Но, додека немаме предлог на маса, рано е да се кажува дека остануваат уште деталите. Јас би била многу попретпазлива“, рече Шекеринска.!