Шеќеринска ја манифестира својата потреба за луксуз и раскош

Набавки на лешници и фрлање пари за вработување на партиските послушници, наместо подигнување на стандардот на вработените во одбраната и брзиот влез во НАТО кој го ветуваа. Ова е катастрофалниот резултат од 100 дневното расипништво на Радмила Шеќеринска во Министерството за одбрана, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

„СДС целосно го партизира министерството за одбрана, Шеќеринска уште во првите неколку дена од стапувањето на функција си вработи советници на високи плати иако во министерството постои доволен број на вработени. Шеќеринска преку министерството за одбрана ја манифестира нејзината потреба за луксуз и раскош. Шеќеринска троши без усул и само за набавка на апетисани одвојува 5.000 евра од парите на граѓаните. Додека граѓаните со 5.000 евра годишно хранат цели фамилии Шеќеринска истата таа сума ја троши на грицки. Додека војниците во касарните чекаат нова опрема, обувки и униформа, Шеќеринска троши 5.000 евра на луксуз“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека СДСМ во текот на предизборниот период ветуваше дека парите на граѓаните нема да бидат трошени на непотребни набавки, но оти сега го гледаме токму спротивното.

„Шеќеринска во 100 дена како министер за одбрана не отпочна ниту направи некој посериозен проект. Шеќеринска покажа дека нема никаква намера да ја унапреди одбраната, туку единствено се грижи за нејзиниот личен комодитет. Граѓаните го гледаат ваквото расипништво на врхуншката на власт и за ваквото работење ќе ги казнат на претстојните избори на 15-ти октомври“, се вели во реакцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.