петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 4

Шекеринска ја претстави сестра си како економски емигрант, а таа од Светска банка е унапредена во Вашингтон

Без срам, вчера заменичката на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, ги злоупотреби и се обиде да игра со чувствата на граѓаните, претставувајќи ја својата сестра како економски емигрант од Македонија. Шекеринска во кампања се обиде да ги манипулира граѓаните од Кичево кои се вистински жртви на транзицијата и од каде цели семејства беа раздвоени во потрагата по подобар живот, посочувајќи лажно сочувство со нивната мака.

шеќеринска

Поврзани вести

Вечерва се враќам од Кичево во Скопје за да ја испратам мојата сестра со семејството в странство. Ќе има подобар живот таму, но тажна сум, затоа што нашите деца повеќе нема да спијат заедно, нема да се гушкаат со своите баби и дедовци- рече Шекеринска од Кичево.

Всушност, сестра и на Радмила, Лилјана Шеќеринска, долги години работи во Светска Банка. Вработена во времето кога Радмила Шеќеринска беше Вицепремиер на Секретаријат за Европски Прашања и воедно главен координатор за сите меѓународни развојни организации меѓу кои и Светска Банка. Доволно за да се запраша јавноста кој ја има предложено и поставено сестра и Лилјана да работи во Светска Банка во Скопје?

Во изминативе години откако владата на ВМРО-ДПМНЕ започна амбициозна програма за инвестирање во патна инфраструктура и ја зголеми соработката со Светска Банка во делот на патна инфраструктура, Лилјана Шекеринска почнува да работи на оваа област и благодарение на одличната работа на Владата, сите проекти на Лилјана Шекеринска на кои работела се повеќе од успешни.

screenshot-15-520x490

Лилјана Шекеринска е унапредена и заминува во Виена, Австрија во канцеларијата на Светска Банка за Југоисточна Европа, а од скоро е унапредена во многу висока позиција во Вашингтон, САД во седиштето на Светска Банка. Токму успешната работа на Владата на Македонија има голема заслуга за унапредувањето на сестрата на Радмила има.

Треба да се има предвид и дека сестрата на Радмила, Лилјана Шекеринска, ќе биде на многу висока позиција во Светска Банка и ќе зема околу ‎15.000 долари месечно плата.

По се ова, колку бедно изгледа фактот дека Радмила Шеќеринска го користи унапредувањето на сопствената сестра, која патем е унапредена бидејќи СБ имала одлични проекти со владата на Груевски во патната инфраструктура, за да добие бедни поени, сочувство од граѓаните бидејќи сестра и си заминува од мака и немала работа, па сега ќе чисти по сендвичари во САД.

Па,остана ли нешто свето за партиската војска на СДСМ и СОРОС, кое нема да го испоганат во оваа кампања за разнебитување на државата? Може ли некој да поверува во вистински чувства за граѓаните кога СДСМ настапува по митинзите, имајќи предвид дека се злоупотребува и среќата и унапредувањето на својата сестра? Истата сестра на Радмила Шекеринска која претходно на инсистирање на СДСМ стана „гласач- фантом“?

На сето ова лицемерие, мора да се додаде и дека Лилјана Шеќеринска пред извесно време беше и финансиски спонзор на обид за изложба на фотографии од „шарената револуција“ во Вашингтон, САД . Но, откако почна истата револуција и во САД по победата на Доналд Трамп, изложбата „потона“.

Извор: Република

 

Најчитани вести