Шекеринска: Македонија нема да ѝ дозволи на Русија да го опструира договорото за името со Грција

Македонија нема да ѝ дозволи на Русија да го опструира договроото а промена на своето уставно име со Грција што за земјата создаде можност за членство во НАТО, изјави во петокот во храватската престолнина Загреб, македонската министерка за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска Јанковска.

Изјавата на Шекеринска е дадена во контекстот на протерувањето на двајца руски дипломати од Атина и забрана за влез во Грција за уште двајца под сомневање дека наводно се обиувале да го поткопаат договорот со Македонија за името на земјата, а Москва порача дека ќе одговори на ист начин.

Постигнувањето на договорот и промена на името на земјата во Репулика Северна Македонија придонесе во средата да доие формала покана за НАТО, на што остро реаираше официјална Москва

Руското минисерство за надворешни рабори во четвртокот вечерта објави дека смета оти Македонија е насила вовлечена во НАТО и дека таквиот потег само ги продлабочува подлекбите и ги зголемува тензиите во Европа.

„Секогаш кажувавме дека сакаме добра соработка со Русја, но одлуките ги носиме ние. Македонија донесе одлука“, рече Шекеринска за новинарите во Загреб. Додаде дека жали поради одлуката за протерување на дипломатите, но дека владата во Скопје „ќе остане будна и окусирана“ на примена на договрот со Атина.

Договорот мора да биде ратификуван во двете земји, а Македонија мора да го заврши целосно процесот на уставните измени со кои ќе го добие името Република Северна Македонија за да биде членка на НАТО, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на прес-конференцијата во средата во Брисел.

„Референдумот и донесените одлуки се во полза на граѓаните и нема да дозволими ничие мешање на тој пат“, истакна Шекеринска по средбата на министрите за одбрана од регионто со американскиот колеа Џејмс Матис.

Шекернска тврдеше пред странските новинари дека одложувањето на приемот на Македонија на самитот во Букурепт од 2008 година предизвикало „тепка политичка, економска и финансиска криза во земјата“. „Нема да дозволиме тоа некогаш да се повтори“, истакна.