Шеќеринска не ја интересираат медиумите, туку како да го ликвидира Зоран Заев

Виктор Грозданов, член на ЦО на ГРОМ, и долгогодишен директор на Агенцијата за приватни електронски медиуми (АПЕМ), во интервју за Нетпрес зборува за условите на опозициската СДСМ за медиумите во земјава, за неговото гледње во однос на политичките дејствување на опозицијата, како и за реформи во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Според него, постои длабок раскол во СДСМ, што тој го поткрепува со инцидент меѓу челниците на оваа оппозициска партија, кој се случил неодамна за време на протестите во Скопје.

Исто така Грозданов предлага реформи во медиумните во земјава со интервенција во законот за ДДВ, и тоа намалување на оваа даночка давачка за медиумите од 18 на 5 отсто.

*Како го оценувате последното интервју на Зоран Заев?

Многу конфузно без реално прифатлива позадина и со многу страв дека првата приказна за доаѓање на Власт без избори заврши. Е сега дали Зоран Заев ќе заврши како скечот од легендарните К-15, кога Тошо Малерот од буреконосач станува наследник на огромна сума на пари, а Миле и Цацко преставени како големи политичари да не му ги потрошат до последен денар во луда политичка кампања, за пак да биде буреконосач? Ова е прашање кое си го поставуваат многумина кои биле некогаш во СДСМ и го познаваат менталниот склоп на големите аналитичари и лажни евроинтегративни политичари кои го опкружиле Зоран Заев, со една разлика да не заборавиме фамилијата на Заев не е за потценување во финансиска и бизнис смисла .

*Мислите дека на Зоран Заев му завршува политичката кариера?

Во блисково минато се случија два куриозитета. Прво припадничката на СЈО г-ѓа Ленче Ристоска изјави дека и покрај аболицијата на Претседателот на Република Македонија, според мене најголемата лудорија и глупост на сите времиња што ја направил еден Врховен Командант на Армијата на Република Македонија и директно помогна да СДСМ се извлече од изборен пораз и да заврши оваа криза, дека Владо Талески и покрај аболицијата ќе мора да ги врати парите кои наводно ги злоупотребил. Одлично. Па, она по логика е ВМРО-вка. Ова има само една порака, значи и Зоран Заев треба да ги врати парите бидејќи и он е аболиран, ама од Бранко Црвенковски со обвинение за 8 милиони евра.

Второ на протестите на Шарената револуција неколкумина сведоци велат дека големиот потпретседател на СДСМ и наводен јунак од пештерите на јорган планина му се внел револтирано во лице (по скопски у фаца) на Зоран Заев затоа што сакал да тргне со поворката, а таму сеуште не е присутна никој друг туку токму Радмила Шеќеринска, што злобниците ја викаат Бела Рада, според кошулата со која држи говори. Пусти Оливер Спасовски заедно со обезбедувањето морал да спасува непријатни ситуации иако Зоран Заев останал ладен и насмеан и одбил на глупост и неизживеаност на дотичниот јунак. Оваа постапка има две сознанија и две пораки.

          Сознанијата: Прво еуфоријата од бомбите на Зоран Заев очигледно не носи изборна победа, а второ популарноста на шарената револуција не одзема гласови од владејачката коалиција, туку токму од СДСМ.

          Пораките: Шарената револуција мора да биде под наша контрола (иако има многу револуционерни ликови кои заслужуваат како поединци повеќе од внимание) и ние Црвените Кмери од СДСМ не си одиме си оди Зоран Заев.

          Заклучок: Околу неговиот политички врат му се плете свилен конец од страна на Радмила Шеќеринска.

*Еден од условите на СДСМ се реформи во медиумите. Како гледате вие на овој услов?

Се сеќаваат на А1 Телевизија?…