Шеќеринска не ја интересираат медиумите, туку како да го ликвидира Зоран Заев

Се сеќаваат на А1 Телевизија? Верувам онака само. Нешто не им е е во агенда. Сакам да им кажам неколку факти. СДСМ го нарекуваше Велија Рамковски пиљар, финансиски хохштаплер и исламски торбешки радикалист зошто не бил со нив кога најмногу им требал. Со помош на УЈП во 2006 се сакаше да се купи вниманието да биде про СДСМ. Сорос, пак, сакаше да им ги одзеде предавателите во 2003 година без комплетна судска разрешница. За разлика од нив Американците беа најсериозни и најправедни. За долгот јасно се заканија со нон пејпер, а Велија си плати за три дена и го оставија на мир. Двоецот Велија Рамковски и Дарко Перушевски (најинтелегентниот директор на Телевизија во делот на програмски концепт од 1990 па наваму, на кого и Сител И Канал 5 му понудија договор да сам си ја напише платата) ги создадоа следниве револуционерни потези на кој им завидуваа и им признаваа дека се најдобри од најдобрите во 2005-2008 посериозни балкански играчи, а тоа е во кратки црти: купуваа директно најдобра филмска и спортска програма од саеми, информативната програма ја направија убиствено одговорна ама не програмски клучна, први синхронизираа и тоа шпанска серија и први беа рамноправни организатори на регионални забавни програми. Но, Велија Рамковски направи 3 (три) грешки: Ги внесе децата во медиумот, се понадева дека ќе биде премиер и не ги процени агент провокаторите во неговиот медиум кои му ја наполнија главата дека има толкава може што може дури да го смени и дискредитира Никола Груевски.

Затоа имам прашања за нив. Зошто не понудат закон за амнестија на сите од случајот А1 Телевизија? Зошто не се заинтересирани за закон за лустрација во новинарството да видиме кој бил агент провокатор? Кога сме кај лустрацијата: Дали имаат сознанија дека Мендух Тачи бил најобработуван политичар од новинари од македонска национална припадност и која е личноста што давала депеши до Добри Величковски дека Роберт Поповски И Горан Величковски не работат според политичката агенда на тогашна МРТВ, а била вработена и во А1? Всушност зошто Шеќеринска не даде евроинтегративен совет како тоа да го направат? Одговорот е едноставен. Имаат филозофија – после употреба фрли во ѓубре.

Инаку велат ќе  ја возообновеле МРТВ заедно со Шеќеринска. Поголем виц во животот немам слушнато.

Viktor Grozdanov1

 

*Но, СДСМ бараат реформи и во МРТВ и Во Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги?

На Маријан Цветковски Извршен Директор на МРТВ имам три совети да му дадам.

Првиот е од програмски аспект, а во согласност со техничките, финансиските и кадровските можности, да формира форматирани канали без право на реклами во првите три месеци: музички и документарен. Вториот канал на МТВ да излобира да биде албански, третиот канал на сите останати народи кои живеаат во нашата држава без да бидат заборавени Хрватите, Црногорците, Египјаните итн., и четвртиот канал да биде Собраниски. Веднаш да започне со купување на детска играна програма која ќе ја синхронизира, создавање на радио драми и тоа минимум 50 годишно, да ја зголеми информативната програма, но не само во делот на вести, да им отвори аудиција на спортските коментатори за да се освестат каде работат и да се подобнови кадарот. Другите совети остануваат за него лично.

Вториот веднаш да почне разговор со синдикатот во МРТВ за колективна тужба за нанесување на материјална штета од страна на Радмила Шеќеринска како потпретседател на Владата во 2006 година и Никола Поповски како Министер за Финансии, истата година, за неисплаќање  на средства предвидени со Законот за Радиодифузија во ноември 2005 година со што ги оставија вработените на МРТВ 6 (шест) месеци без плата. Та, нели Шеќеринска е 20 години по политички плакати и добро го организирала приватниот и политичкиот живот? Ова ќе биде само уште подобро да се реорганизира.

Третиот е приватен. Едвам чекам да го сменат од директор по нивниот дилетантски закон. Бидејќи ќе биде нелегална смената одма вртам „Ало Докторе“ во Психијатрија. Го носам да му најдат сто растревожени моменти. Со комплет досие ќе поднесе тужба која ќе заврши во рок максимално до 18 месеци и исплата на отштета.

*Напоменавте дилетантски закон за МРТВ, но не ја споменавте Агенцијата.

Дилетантски е зошто нема ништо суштински што ќе ја подобри атмосферата. Смената на функционери не им значи ништо на медиумите.

Според мое мислење апсолутно се согласувам за смена во Агенцијата, но со пристоен предлог. За жал во СДСМ незнаат како.

*Зошто?

Зоран Трајчевски нанесува огромна непотребна штета на ВМРО-ДПМНЕ и особено на Никола Груевски. Што се однесува за советниците, само тројца од нив се подобни, останатите да ги моделираш како пластелин нема да создадеш една четвртина советник. Е тоа го мислат медиумите за Агенцијата, а богами и јас.

*Но, Зоран Заев најавува експерти.

Е ова е најзабавно. Можам да заклучам само дека ги погреба интелектуално сите оние кои се придружиле на СДСМ да ја подобрат, според нив, медиумската сфера. Баш ме интересира како ќе им објасни дека ги ликвидираа. Нели, Рамила Шеќеринска нема ништо со тоа. Заев е крив, односно е сељчиште. Она е за нив, ама сега не е време да се бранува. Така да се слагам со еден медиумски работник одличен новинар дека СДСМ се однесуваат како „Брајаново Житие“ на Монти Пајтон.

*Кој, според вас, би било најдобро да ја извршува функцијата директор на Агенцијата?

Познавам четворица. Едниот е Албанец и е директор на маркетинг во сериозна фирма. Двајца се сериозни адвокати кои познаваат медиуми и телекомуникации посебно регулатива, и четвриот е кочанчанец, кој живее во Тетово, и е сериозен медиумски познавач. Тоа се личности кои ќе знаат да го искористат целокупниот капацитет на стручните служби, кои пак непотребно се навредувани и напаѓани.

*Што вие би предложиле за подобрување на атмосферата во медиумите?

Ако сакате да разговараме за медиумите треба да го чувствуваме нивниот проблем. Со една интервенција во законот за ДДВ ќе им се заврши голема работа. Тоа е следново. Сите медиуми (по измени и во законот за медиуми и интернет порталите кои имаат информативен карактер и 2.500 посети дневно стануваат медиуми) до годишен промет во износ од 3.5 милиони денари не се ДДВ обврзници, а ДДВ-то за сите да е 5 отсто. Оние кои ја надминуваат границата за ДДВ обврзник, разликата од 18 до 5 отсто мора да ја вратат внатре во медиумот со претходна потврда од УЈП и Агенцијата и тоа во размер 30  отсто за вработените, 30 отсто во техника и 40 отсто за програма. Печатените медиуми на некој сличен начин со поголем акцент на истражувачкото новинарство. Истото мора да важи и за МРТВ со тоа што би ги рапосредувале парите на пример вака: 25 отсто во Центар за обука на кадри, 50 отсто на создавање на сопствена програма од играна, образовна, документарна, спортска и забавна и 25 отсто на информативна програма. Ова правило важи и за сите продукции кои имаат копродукциски договор со медиум за аудио и аудиовизуелен производ.

Еве уште еден предлог. Медиумот да го заштити новинарот како што собраниската говорница го штити пратеникот. Ако  може пратеник да излаже дека се изнесени 5.5 милијарди евра од Република Македонија, зошто да новинарот несмее да го избламира со аргументи дека измислува приказни.

viktor_grozdanov2

Сакам само да напоменам дека за да извршиш реформи во медиумите мора да опфатиш неколку закони. Со билдање на суета дека сте најдобри како партија може да пали само во затворен круг. Односно така немате понуда на која некој вистински би загризал.

Така да, ако некогаш би се нафатил да го надградам моето знаење со сигурност ќе ја бранам следнава медиумско политичка филозофија на мојот драг пријател голем новинар -дописник и колумнист, а поранешен страствен ловџија Тодор Пендаров-Тоше Старото, која гласи: ВМРО не се баш како што треба, ама СДСМ се невидени трупови и имаат глави само за шишање (кратко потстрижување).

*Што би му препорачале на Зоран Заев?

Две работи.

Прво јас имав среќа во мојот живот да го запознаам Зоран Велковски една неверојатно образована неформална космополитска личност која секогаш знае да употреби зборови кои ќе те освестат ама не и да те навредат. Така да веднаш да си бара некој свој Зоран Велковски.

Второ, јавно ги повикувам на ТВ дуел на која телевизија сакаат и кој новинар сакаат да води без јас да ги видам прашањата, да разговараме со аргументи за реформите во медиумите. Со една разлика јас ќе дојдам сам, а тој да ги земе сите потпретседатели и заменикот на СДСМ. Јас ќе им дадам предност како во уличен баскет 19:0 за нив и два пати да го погодат обрачот, ама ако фатат топка. На крај од дуелот (ако имаат храброст да се појават) јас ќе одам кај Стевчо Јакимовски да ја пееме „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“ од Митар Мириќ, а они од истиот пејач „Све је постало пепео и дим од кад си драга (Радмила Шеќеринска) отишла са њим“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.