Шекеринска прошета на пазар, не потроши ниту денар (ВИДЕО)

Шекеринска прошета на пазар, не потроши ниту денар
Шекеринска прошета на пазар, не потроши ниту денар

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, потрошена политичка фигура која во јавноста ќе биде запаметена по луксузот, скапата брендирана облека и киријата од над 5.000 евра која ја зема од фирмата на својот сопруг за станот во кој живеат, реши да прошета малку низ „рајата“ на пазар, во надеж дека ќе собере некој политички поен.

А, бидејќи, Радмила не е од тој свет, не и падна на памет да купи нешто од пазарџиите, барем симболично во знак на поддршка на нивниот труд и работа, за што опозицијата генерално само декларативно пред избори се заложува, а од друга страна сите што не се во елитата ги третира како ниска класа на човековиот род – неписмени, неизбањати, овци, копилиња….

Така, Рада, вчудоневидена дека на зелениот пазар нема Прада, Шанел, Луј Витон, Гучи, куртоазно ги поздравила пазарџиите, прашала со пола уста како компирчето и морковчето и трчанката веднаш дома на бањање….

шекеринска

Новинарот Цветин Чилиманов, апропо прошетката на Шеќеринска низ Битола и Куманово, напиша интересен фиктивен разговор меѓу неа и наводен пазарџија, што одлично го опишува лузерскиот менталитет на опозицијата и нејзиното поимање на тоа како треба да изгледа државничката политика која се грижи за своите граѓани.

Дада Рада: „Вие на тезгите сте „сива економија“ која ќе плаќа повисоки даноци на мојата Влада. Рамниот данок е нефер, прогресивниот е ок. Амалите кои ви истовараат комбиња и камиони за некоја стотка дневно, исто ќе плаќаат данок, а вие за нивното носење гајби и вреќи ќе плаќате и придонеси. Ако ваквите давачки ви ја уништат работата, бидете без гајле, ќе ви дадеме субвенции поголеми од овие денес.“
Продавачот: „Г-ѓо сте работеле некогаш на тезга, имате абер како функционира пазар?“
Дада Рада: „Не! Ама сум била во Шведска. Таму државата шиша со даноци додека не ве уништи, а кога ќе ве уништи имате одлични социјални пакети. Прекрасно, нели?“
Продавачот: „Не сум бил у Шведска, ама која е логиката државата да уништува со даноци, па да не спасува со истите пари кои ни ги одзема?“
Дада Рада: „Тоа се вика СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, никој не смее ниту да се збогатува, ниту да биде сиромашен. Тоа е прекрасна шема која сум ја читала по книгите на Херберт Маркузе, Ерих Фром, Соул Алински, Наоми Клајн и сл. Тоа е прераспределба на доход која всушност сите не збогатува, и тоа подеднакво.“
Продавачот: „Не читам книги, ама зошто некој воопшто би создавал доход, ако може да живее од доходот на некој друг…и кој ќе создава доход ако има гаранција за пристоен живот од Вас?“
Дада Рада: „Ќе влеземе во ЕУ каде не чекаат мноооогу незаработени пари. Само да го решиме проблемот со името. ЕУ фондовите се најголемата гаранција за нашиот економски просперитет. Сите држави со влезот во ЕУ добиле повисок животен стандард, само гласајте за нас на следните избори.“
Продавачот: „Аха…па ако ЕУ ви дава толку мнооооогу пари, плус ги зголемите даноците, богат ќе биде државниот буџет, а не нашиот џеб. Во партиска држава, кажете ми кој ќе се збогати од таквото купче пари?“
Дада Рада: „Некои прашања не заслужуваат одговор. Пријатен ден!“
Ако разговорот меѓу Рада и пазарџиите е искрен, тој би изгледал одприлика вака. Лека ноќ wink emoticon

рада