Шекеринска смета дека одлуките за името ќе се носат во јули

Не сме влезени во финалната фаза на решавање на проблемот со името, порачизјави во петокот вечерт вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

„Сметаме дека е прерано да ги соопштиме деталите, бидејќи тоа ги намалува шансите за решавање на проблемот. Треба да работиме трпеливо и се надевам дека тоа ќе донесе резултат“, рече Шекеринска.

Посочи дека дебатата се води околу името, а аргументите се на македонската страна околу јазикот, бидејќи, како што кажа, не постои античкомакедонски јазик на кој Грците полагаат права.

„Ако се сака да има договор кој ќе биде прифатен од двете држави треба прашањето да се реши на чесен и достоинствен начин. Одлуките ќе се носат во јуни и во јули. Сакаме до крајот на март да се гледаат контурите на некакво решение, но нема да дозволиме роковите да не притискаат, бидејќи треба да добиеме добар договор и за Македонија и за Грција“, вели Шекеринска.