Балкан

Секој четврти Грк сака да ја напушти земјата

Секој четврти Грк сака да ја напушти земјата

Еден од четворица Грци сака да емигрира во некоја европска земја поради кризата, покажува опширното истражувањето објавено во весникот „Елефтеротипија“.

Според податоците од ова истражување, кон крајот на 2010 година десет отсто од научниот потенцијал на Грција, односно околу 120 илјади лица, веќе биле надвор од државата.

Во периодот од 2007-2010 година емигрантите од Грција се зголемиле на 73 проценти. Само во Германија има шест илјади грчки лекари, а во таа земја живеат 354.500 Грци.

Илјадници Грци искажуваат намера да емигрираат, а многумина од оние кои тоа веќе го направиле, си заминале само со еден куфер за да избегаат од социјалниот безизлез, пишува весникот.

Весникот уште објави дека од сите земји во светот, во САД има најмногу грчки иселеници, каде има три милиони иселеници, а на последно место е Шведска.