Секој десети Македонец е импотентен

Секој десетти Македонец е импотентен, а секоја 15-та Македонка е фригидна. Експертите велат за да има мир во куќа потребна е квалитетна ерекција и добар сексуален живот. Како за пример кај нашите соседи Бугарите импотентностса е поголема, секој петти маж е импотентен.

Еректилна дисфункција (ЕД) претставува постојана или привремена неможност на мажот да постигне или одржи доволна ерекција за задоволителен сексуален однос.

Оваа појава најчесто ја чувствуваат мажите по 40-тата година, но во последно време за жал кај многу млади луѓе е се позачестена. Болеста од икс причини често останува неизлекувана.

Во земјава за оваа, се’ уште табу тема, е отворен Интернет сајт www.erekcija.com.mk,. Но, нема лек за тоа ако проблемот се наоѓа во главата, во немањето нагон и желба за секс што е непосредна последица на стресот, преоптеретеноста со грижи пред се заради финансиските тешкотии и чувтсвото на неуспех во работата, односите со партнерот или незадоволството од самиот себе.

Проблемот е заеднички, но и решението е заедничко. Со раговор помеѓу партнерите кои веќе имале успешен секс прилично брзо се излегува од оваа состојба, но разговорот мора да биде искрен, целосен и да се однесува на критичните теми, а не да се почне и заврши колку да го биде. Ако сексот им е важен на двајцата, двајцата треба и да се погрижат тој да се случи како што треба.