Секој експеримент во МВР може да биде фатален

Сметам, дека приватните електронски и пишани медиуми, треба да имаат право, да донираат на политичките опции-партии, за кои тие сметаат дека е исправно.

Кога е во прашање минутажата, во однос на давање коментари и активности на партиите мислам дека треба да биде приближно, иста.

Само едно не разбирам, зашто мора, фирмите и поединци да бидат лимитирани во однос на тоа: На која партија и кому ќе помагаат.

Ваквиот закон не може да има конечно влијание за изборите, бидејќи граѓаните ги ценат делата кои се видливи во секојдневниот живот: зголемување на стандардот, привлекување на странски инвестиции, покачување на плати и пензиите, зголемување на социјалната помош.

Нереално  е да зборуваме за било какви промени, во однос на дел од веќе  наброените сегменти, бидејќи граѓаните веќе многу пати докажаа дека сакаат реална програма и остварување на дадените ветувања.

* Остана запаметена вашата изјава „Со СДСМ не се може да се коалицира, бидејќи партијата не се грижи за своите луѓе, уште помалку за коалициските партнери“, дадена во 2004-тата година како тогашен предводник на Радикалната партија на Србите во Македонија. Сепак на вонредните парламентарни избори во 2011-тата вие влеговте во собранието како пратеник во коалицијата предводена од СДСМ. Сега, четири години подоцна, кое е вашето мислење за моменталната политика на СДСМ?

Да, точно е, дадов таква изјава во 2004 година. И немам никаква причина да ја повлечам, истата. Зарем не е доволен доказот дека во сегашното  гарнитура на СДСМ ги нема професионалците како што се: Игор Ивановски, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Горан Минчев, Зоран Ѓоргиев, Емилијан Станковиќ и многу други. Тоа е негрижа за своите луѓе, кои се отргнати, а всушност тие се незаменливите политички имиња во таа партија.

Да се разбереме јас немам ништо против сегашните парламентарци на СДСМ но, зборувам за квалитетот и искуството.

Во 2011-тата година влегов во коалиција со СДСМ и бев еден од најжестоките опозиционери, што зборува за мене, дека, ако некаде застанам, одам до крај.

Мислев дека работите во опозицијата ќе се сменат и дека ќе дојде до промени во нивните сваќања односно на елитизмот. Но, затоа за случувањата и промените во политиката, никогаш не може да се рече не!

Изнудување на учество во власта без избори е јалова работа и пирова победа

Изнудување на учество во власта без избори е јалова работа и пирова победа
Изнудување на учество во власта без избори е јалова работа и пирова победа

*Со потпишувањето на договорот од Пржино, политичката криза во Македонија навидум заврши. Кое е вашето мислење, дали постои можност за стабилизрање на ситуацијата или пак постои можност за уште поголемо продлабочување, со оглед на тоа што веќе јавноста имаше можност да увиди каква политика всушност спроведуваат новите министри од опозицијата, кои практично, изнудено седнаа на тие позиции?

Со договорот во Пржино, навидум изгледа дека се реши политичката – криза. Но, сето ова се повеќе ми заличува на исполнување на еднострани желби со покажување на мускули од надворешниот фактор, над една мала држава. А што е најважно и главно, странците се под големо дејство на страв од влијанието на Русија. Европа и Америка со ова постигнуваат само контра ефект, кај поголемиот дел на граѓаните.

Изнудување на учество во власта без избори е јалова работа и пирова победа. Така да веќе изнудените министри, со многу такт и мудрост треба да постапуваат, а не со осветничка и сурова партиска политичка-реваншистичка.

* Вие имате долгогодишно искуство во политиката и воопшто на политичката сцена во Македонија. Што значи чекорот на новиот Министер за внатрешни работи кој уште првиот ден им ги одзема овластувањата на раководните лица на министерството и нели е тоа нарушување на Договорот од Пржино, затоа што практично безбедноста на граѓаните се става на коцка?

Во политиката сум…