Секој експеримент во МВР може да биде фатален

Во политиката сум вклучен  уште од 1987 година и тоа не по своја волја, иако никогаш не бев член на СКЈ. Многу политичари  и лидери, тогаш беа деца, кои имаа свои политички идоли и им се приклучуваа. Сега истите тие, покажуваат арогантност спрема својот народ, а од друга страна се слепи послушници на странскиот фактор.

И се’, поради тоа, само да се дојде до власт. Цената веќе не е битна. Не ја оспорувам политичката – способност на новиот министер  за внатрешни работи. Но, очигледно е дека е без никакво искуство во таа област, што претставува голем проблем.

Тврдам дека е направен погрешен потег, којшто директно го разградува безбедносниот систем на државата и ја загрозува безбедноста на граѓаните, поготово кога тероризмот чука и на нашата врата.

Не сум ничиј политички навивач, ама сум поборник, да се остават професионалците да си ја работат работата, во ова значајно министерство. Секој експеримент може да биде фатален.

* Кои се вашите очекувања за изборите во април и дали тие ќе значат конечна разврска на политичката криза?

Анализите кои што ги вршат домашните и странските агенции за мерење рејтинг на политичките партии, кажува се’. Во политиката нема никогаш конечна разврска, а поготово ако во неа има странски платеници и огромна желба за власт.

* Дали Македонија по изборите може да очекува нов позитивен извештај од ЕК по изборите и конечно отпочнување на преговорите за влез во ЕУ?

И после изборите…