Секој експеримент во МВР може да биде фатален

И после изборите, Република Македонија ќе се мачи да им удоволи на сите нереални  желби на Европската Комисија. Разбирам и прифаќам, критиките на ЕК се добронамерни и позитивни, ама не прифаќам и не се согласувам со уцени и ултиматуми.

Во 21 век, подразбирливо е дека треба да исчезнат софистицираните колонизатори.

Разговорите за влез во Европската Унија, можеби и ќе отпочнат ,,еден убав ден” ама влез во истата нема да се случи се додека тие не најдат адекватна подлога и политичка опција која ќе го смени името на Р.Македонија, па и тогаш ќе има со сигурност  дополнителни прашања.

* На 10 ноември, годинава, одржавте прес конференција и што е интересно, ја предупредувате јавноста дека со бегалскиот бран кон Европа се шверцуваат значаен број борци на Исламска Држава, кои многу брзо ќе дејствуваат во Европа и во нашиот регион.

Да точно е, тоа се оствари и тек ќе ја осетиме опасноста од ваквите напади. Ќе ве потсетам и дека реков дека Европа и Америка, ќе мора да воспостават озбилен однос со Русија и заедно од еден центар координирано да делуваат, бидејќи  само така и само на тој начин , постои можност да се победи планетарното зло.

Нашите анализи  наведуваат и укажуваат, дека многу брзо и нашиот регион ќе биде цел на терористички акции-напади.