Секој хороскопски знак има лоши карактеристики – Кои се вашите?

Сигурни сме дека ги знаете сите квалитети на вашиот хороскопски знак, но еве по три негативни особености по кои сте познати. Токму поради овие особености понекогаш ви доаѓа да ја зариете главата во песок.

Овен

1. Вашето мото би требало да биде реченицата: „Веднаш, сега, веднаш“. Постојано некаде брзате и сте нетрпеливи.

2. Ако некоја идеја не е на овенот, тогаш нему воопшто не му е гајле за неа!

3. Знаете да бидете многу незрели.

Бик

1. Вие сте посесивни, материјалисти и не знаете да делите.

2. Многу сте тврдоглави.

3. Мрзеливи сте и хедонисти.

Близнаци

1. Многу сте специфични, па вашите соговорници никогаш незнаат на што се со вас.

2. Сакате да го слушате сопствениот глас и на другите постојано да им упаѓате во збор.

3. Заинтересирани сте за голем број активности, па на крајот на ништо неможете да му се посветите до крај.

Рак

1. Постојано го менувате расположението.

2. Внимателни сте и плашливи.

3. Многу сте чувствителни и никој неможе да знае каква ситница може да ве повреди.

Лав

1. Премногу се сакате себе си, па неможете да одолеете на ниту една површина што има одраз.

2. Ако сакате нешто, подготвени сте да направите се за да го добиете.

3. Желбата да бидете во центарот на вниманието, може да биде проблематична, затоа што никој не ги сака луѓето што мислат дека се центар на универзумот.

Девица

1. Ги осудувате сите околу себе и луѓето никогаш незнаат кога ќе ги земете „на заб“.

2. Знаете да ситничарите и да им префрлате на другите околу вас за се и сешто.

3. Можете да бидете крајно песимисти и сите околу себе да ги повлечете во вашето негативно расположение.
За другите знаци повеќе на следната страница…