Секој маж има жена од минатото која не може да ја заборави

Велат дека секој маж има некоја фатална жена од своето минато. Тоа обично се однесува на една од неговите поранешни девојки со која од тогаш не прозборел ни збор. Исто така, таа девојка буквално не побегнала од него туку, никогаш не му ни била на прво место.

Се работи за девојка со која веројатно можел да го помине животот, но,некаде гадно се зафркнал. Накусо, тој повеќе не е со девојката со која сакал да биде.

Доцна се сетил

Секако, тука постои и ситуација на промена на перспективата која доаѓа со годините. Порано некоја девојка се чинела сосема обична, но,кога таа врска се гледа подоцна тој ја смета за идеална и жали за неа.

Факт е дека многу мажи навистина имаат такви жени од своето минато и тоа е составен дел од љубовниот живот на секое лице. На крај и многу жени имаат барем еден маж од своето минато на кого се сеќаваат со насмевка, зарем не?

Два волшебни збора кои спречуваат секаква расправија

Психолошките истражувања покажаа дека луѓето се носат со потенцијален судир на три начини: со избегнување на проблемот, резигнација или експлозивна расправија. Ако спаѓате во последната група, не очајувајте. Вреди да ја испробате оваа едноставна вежба и да употребите зборови кои ќе ја оладат и нај жестоката расправија.

Кога на експлозивците несвесно ќе им се упати навредлива забелешка психолозите советуваат да се се кажуваат незгодни фрази кои би можеле да ја разгорат расправијата.

Ако, пак, сте кажале реченица која повредила нечии чувства, а која сакате да ја поправите, извинете се, така ќе спречите можна расправија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.