Магазин

Секој маж има жена од минатото која не може да ја заборави

Секој маж има жена од минатото која не може да ја заборави

Велат дека секој маж има некоја фатална од своето минато. Тоа обично се однесува на една од неговите поранешни девојки со која од тогаш не прозборел ни збор. Исто така, таа девојка буквално не побегнала од него туку никогаш не му ни била на прво место, пишува Нет.

Се работи за девојка со која веројатно можел да го помине животот, но некаде гадно се зафркнал. Накусо, тој повеќе не е со девојката со која сакал да биде бидејќи веројатно ја измамил или направил некоја друга непростлива грешка. Исто така, можно е едноставно да ја земал здраво за готово и врската пукнала, а тој остатокот од животот се удира по глава поради тоа.

Доцна се сетил

Секако, тука постои и ситуација на промена на перспективата која доаѓа со годините; порано некоја девојка се чинела сосема обична, но кога таа врска се гледа подоцна тој ја смета за идеална и жали за неа.

Факт е дека многу мажи навистина имаат такви жени од своето минато и тоа е составен дел од љубовниот живот на секое лице. На крај и многу жени имаат барем еден фраер од своето минато на кого се сеќаваат со насмевка, зарем не?

Два волшебни збора кои спречуваат секаква расправија

Психолошките истражувања покажаа дека луѓето се носат со потенцијален судир на три начини: со избегнување на проблемот, резигнација или експлозивна расправија. Ако спаѓате во последната група, не очајувајте. Вреди да ја испробате оваа едноставна вежба и да употребите зборови кои ќе ја оладат и нај жестоката расправија.

Психолошките студии потврдија дека ако и се каже Ој, (на англиски Ouch) и упс (на англиски Оops) имаат моќ да го спречат судирот, расправијата и препирките меѓу партнерите. Треба да се знае дека лицата реагираат на потенцијален судир на три вообичаени начини: со избегнување на проблемот, со тивка резигнација и експлозивна агресија.

Кога на експлозивците несвесно ќе им се упати навредлива забелешка американските психолози советуваат истите на тоа да кажат Ој наместо незгодни фрази кои би можеле да ја разгорат нелагодната расправија.

Ој е моќен збор и силен вербален механизам кој моментално ќе го освести навредувачот, па истиот ќе се извини и така ќе го спречи потенцијалниот вербален судир.

Ако пак сте кажале реченица која повредила нечии чувства, а која сакате да ја поправите, кажете Упс, а потоа извинете се, така ќе спречите можна расправија.

Ова е психолошка вежба која е посебно корисна алатка за спречување на расправии во љубовните врски меѓу партнери кои различно реагираат на навредливи забелешки и несвесни провокации, па се почесто се посочува како еден од психолошките лекови за честите расправии од страна на американските брачни терапевти.