Секој втор ден наутро или навечер – секс!

Редовното „консумирање“ интимни односи е најдобар природен сојузник во зачувување на здравјето…

Вуди Ален вели дека сексот е најзабавно нешто што можете да го направите без да се смеете. Сексот, сепак, е многу повеќе од само забава и задоволство. Се поголем број истражување за поврзаноста меѓу сексот и здравјето дојдоа до резултат дека сексот има корисен ефект врз здравјето. Жените ги одржува витки, пожелни и убави, на кожата и’ дава сјај и го поттикнува доброто расположение. Мажите ги прави подолговечни, поотпорни на срцеви и мозочни напади и ги чува од рак на простата. Листата на придобивките од честиот секс (три до четири пати неделно) е многу долга.

Калории

Сексот пред се е физичка активност, а креветот, според мислењето на многу експерти, е најдобра опрема за вежбање што некогаш е измислена. Со само еден сексуален однос за време од 30 минути може да се изгуби 200 калории (исто како и со 15-минутно трчање). Пресметките покажуваат дека со секојдневен секс се губи половина килограми неделно. Покрај тоа, поради возбудата, пулсот скока од 70 на 150 отчукувања во минута, исто како и кај кревањето тегови.

Менструални проблеми

Жените кои имаат секс најмалку еднаш неделно имаат тенденција да имаат правилни и редовни менструални циклуси. Овој заклучок се постигнат од страна на д-р Винифред Катлер, од Институтот за здравје на жените во Пенсилванија, во САД, во чие истражување се вклучени неколку стотици студентки што ги забележувале информациите за нивниот менструален циклус и за сексуалната активност. Се покажа дека кај жените по оргазмот попуштаат менструалните грчеви што вообичаено ги чувствуваат во текот на циклусот. Ова се случува поради тоа што контракцијата на матката за време на оргазмот помага при исфрлање на менструалната крв и ја намалува напнатоста на нејзините мускули, предизвикана од хормоните.

Болка

Сексот го подобрува расположението и помага во ублажување на болката. Во минатото, акушерките ги советувале жените да мастурбираат со цел да ги олеснат породилните болки. Подоброто расположение после секс, како и прекинот или ублажувањето на болката се објаснува со лачењето на ендорфин, т.н.. внатрешна дрога чие лачење се стимулира преку секс. Кај болестите како артритис редовните оргазми го зголемуваат прагот на болката. Кај луѓето кои страдаат од хронична болка од артритис се болката им е значително послаба неколку часа по сексуалното уживање.

Главоболка

Сексот може да се излечи главоболка. Одредени истражувања покажаа дека жените кои страдаат од мигрена после секс чувствуваат олеснување или прекин на болката.

Крвни садови

Отчукувањата на срцето се забрзуваат за време на сексуалниот однос, а најбрзи се за време на оргазмот. Просечниот сексуален однос има дејство како 20-минутно пешачење, а оргазмот е еднаков на напорот од искачување по скали. Резултатите покажаа дека мажите што се сексуално активни барем два пати неделно имаат значително помал ризик од развој на срцеви заболувања. Статистиката покажува дека мажите што имаат редовни полови односи го намалуваат ризикот од срцеви проблеми за 45 отсто.

Стрес

Истражувањата покажуваат дека луѓето што се задоволни од својот сексуален живот поретко се депресивни, анксиозни, насилни и непријателски расположени.

Поголеми гради

Звучи неверојатно, но сексуалната возбуда го забрзува крвотокот, што може да ги зголеми градите за дури 25 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.