Секоја седма личност изневерува за празниците: Како да ја зачувате врската?

Иако се чини дека денес интернетот (социјалните мрежи, форумите и другите облици на допишување и зближување) е најчестото место каде што почнува невереството, новата студија открива дека новогодишните забави имаат подеднакво влијание.

Според оваа студија, комбинацијата од опуштање со алкохол, заедничките непријатели и гледањето на луѓето во различно издание од вообичаеното кај секој седми човек резултира со неверство.

Освен тоа, секој осми човек тоа го претчувствува за партнерот и не му верува на неговото пијано однесување во близина на колегите. Мажите во тој поглед се полоши, тие дури два пати повеќе изневеруваат од жените. Секој петти човек признава дека би можел да изневери во таква атмосфера, а секоја деветта жена го тврди истото.

Со цел полесно да се носат со тоа, поголемиот број од испитаниците се држеле до тезата „тоа што не го знаеш не боли“ затоа што сметаат дека неможат да влијаат на тоа дали ќе изневерат туку дали ќе имаат образ тоа да го сокријат и неверството да се сведува само на краткотрајна физичка афера – најчесто на еден бакнеж.

Коментирајќи ја студијата, адвокатот од британската компанија Вардагс која ја спровела истата вели дека секој поединец може сам себе си да се контролира за да не падне во искушение да изневери и тоа само по пат на неколку чекори:

  1. Внимавајте на количината алкохол;
  2. Најдете време за дружење и секс со партнерот, повеќе ќе ве зближи и ќе ви ги оттргне мислите од другите луѓе;
  3. Разговор – затоа што неверставата се најчести во врските каде има лоша комуникација;
  4. Слобода за партнерот – затоа што колку и да звучи контрадикторно, оние што сметаат дека имаат слобода во врската, помалку изневеруваат. Исто така, не постои тој вид на контрола што може да го спречи неверството ако партнерот сака да направи такво нешто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.