Дали секојдневниот секс ги зголемува шансите за бременост?

Дали секојдневниот секс ги зголемува шансите за бременост и дали го знаете најдобриот период во месецот за зачнување?

Вообичаено се смета дека плодни се само пет до шест денови кога може да зачнете. Овулацијата вообичаено е на 14-иот ден од циклусот. Во овој период се ослободува јајце клетка, но таа „живее“ само 24 часа. Сперматозоидите може да преживеат и до пет дена и затоа треба колку е можно почесто да „ги внесувате“ за време на плодните денови.

Можете да се обидете да ги утврдите плодните денови на најразлични начини: со помош на календар, со набљудување на исцедокот или пак со помош на препарати и апарати.

Но, како што посочуваат експертите ваквиот начин на предвидување може да ја убие возбудата во сексот. Според новата студија објавена во списанието „Фертилити енд Стерилити“ секојдневниот секс може многу да им помогне на двојките што се обидуваат да зачнат.

Според оваа студија, секојдневниот секс може да го подготви имунитетот на жената за бременост. Предводникот на студијата Тирни Лоренз од Институтот во Кинси вели дека имунолошкиот систем е мошне важен за здрава бременост. Прво за да се осигурате дека сперматозоидите во телото не жената не се отфрлаат како страно тело, до тоа оплодената јајце клетка полесно да се имплантира во матката. Според Лоренз секојдневниот секс испраѓа порака до имунолошкиот систем дека е време за репродукција.

Истражувањето е спроведено врз 30 жени и тоа не е спроведено до крај за да се увиди дали сите тие ќе останат бремени.

Лоренз вели дека поврзаноста помеѓу сексот, промените во имунолошкиот систем и можноста за зачнување е премногу сложена и дека неможе да се постигнат конечни резултати од само едно истражување.

Во однос на прашањето колку често двојките треба да имаат секс, Лоренз вели дека на жените често им се советува дека „е доволно онолку колку што е вообичаено за нивната врска“. Засега нема докази од студијата дека секојсневниот секс ќе ги зголеми можностите за зачнување, иако Лоренз верува дека колку повеќе вашиот имунолошки систем ја добива пораката дека е време за репродукција, толку повеќе се зголемуваат можностите за бременост.

Во меѓувреме, експертите советуваат дека ако сакате да останете бремени, тогаш најдобро е да имате секс два до три пати неделно во текот на еден месец. На тој начин најголеми се шансите да ги погодите плодните денови без постојано да набљудувате, а исто така го потсетува и имунолошкиот систем дека не треба да се бори против сперматозоидите.