Крими хроника

Секретар на битолски Црвен крст си се почестил со туѓи уплати за летен камп

Секретар на битолски Црвен крст си се почестил со туѓи уплати за летен камп

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Х.(58) од Битола, секретар на Општинската организација Црвен крст од Битола за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот пречекорувајќи ја својата службена положба и овластување како скеретар на Црвен крст-Битола во периодот од месец јуни до месец август 2011 година присвоил парични средства во висина од 2.170 евра, пари кои биле уплатени од волонтери од Клубот на млади за патни трошоци за престојување во летен камп во Бурса-Турција.