За подобар сексуален живот, поделете ги домашните обврски

За подобар сексуален живот некои советуваат дека ви е потребна подобра комуникација, повеќе вежби, морски плодови или повеќе состаноци, а според најновите истражувања, потребно е да ги поделите и домашните обврски.

Според истражувањето на Универзитетот од Алберта, двојките имаат поредовен и подобар секс доколку рамномерно ги споделуваат домашните обврски.

Истражувањето било предводено од Др.Мет Џонсон, професор на Отсекот за хумана екологија на Универзитетот од Алберта. Истражувањето било спроведувано пет години, а во него учествувале 1.338 двојки од Германија.

Во секоја врска, количеството на домашната работа значи нешто поинакво во однос на контекстот на двојката. Врз основа на нивните очекувања што би требало да прави нивниот партнер и нивната споредба за тоа што прават другите двојки што тие ги познаваат, вели Д-р. Џонсон.

Сепак неговата студија не е во согласност со онаа објавена во 2012-тата од страна на American Sociological Review, во која се тврди дека двојките имаат помалку секс доколку мажот ги извршува обврските што традиционално се сметаат за женски како што се готвење, перење и миење садови.

Според Д-р. Џонсон ова се должи на културолошките разлики меѓу САД и Германија.

Постојат културолошки разлики, но според логиката на претходните истражувања би очекувале да имаме понагласено негативно влијание на домашните работи врз сексуалноста во Германија затоа што земјата сама по себе е повеќе традиционална. Сепак, тоа воопшто не е така, вели тој.