Секс одговори за кои ви е срам да прашате

Иако во последните децении сексот доживеа револуција и сè помалку е табу тема, отворено и јавно се дискутира околу него, сепак постојат некои прашања на оваа тема кои секогаш е незгодно да се постават.

Сигурно ни на крај памет не ви текнало да тропнете на врата во гинеколошка ординација и да прашате: „Се извинувам, јас обожавам груб секс, колку грубо може да биде опасно?“ За некои прашања од овој тип, кои се сметаат за прашања за кои никогаш не би побарале стручно мислење, пишува ivillage, а ние ви ги донесуваме најчестите од нив:

Дали постои храна која ќе овозможи „таму долу“ да имате поубав вкус?

Како што сите различно размислуваме, имаме организам кој различно реагира, така и секој од нас „таму долу“ има различен вкус. Ако сте несигурни околу прашањето за сопствениот вкус и сакате да го подобрите, тогаш обидете се со внесување на овошје и зеленчук како ананасот и целерот кои го ублажуваат вкусот на вагиналните течности.
Храна која треба да ја избегнувате, ако веќе сте загрижени за сопствениот вкус, е месото, рибата и млечните производи кои имаат спротивен ефект од горенаведените продукти. Пиењето вода, исто така помага при ублажување на вкусот.

 

Дали е нормално никогаш да не се доживее оргазам?

Филмовите ја раширија пропагандата дека секој сексуален чин задолжително завршува со женски оргазам, не ретко и симултани оргазми. Но, реалноста е поинаква. Вагината не е премногу чувствителна на стимулација, а клиторисот, женската варијанта на пенис, треба да биде стимулиран паралелно за да се доживее оргазам.
Најверојатно не постојат физички причини кои би ве спречиле да доживеете оргазам, туку само сè уште не сте запознаете што ви одговара и што може да ве одведе до екстаза. Опуштете се, не се оптоварувајте со мислата за оргазам и замолете го партнерот за стимулација на клиторисот со рака или орален секс.

 

Дали вагиналниот мирис е нормален?

Ако често можете да го почувствувате сопствениот мирис „таму долу“, прво што треба да знаете е дека не се разликувате од останатите жени, туку дека сите го имаат. Тоа е сосема нормална работа околу која не треба да се вознемирувате. Од друга страна, имајте на ум дека повеќето мажи овој мирис го перципираат како возбудлива работа.
Но, ако забележите неубав мирис на риба или силен мирис после секс или после туширање, можеби сепак се работи за бактериска вагиноза која предизвикува нерамнотежа на нормалните вагинални бактерии. Во овој случај, се препорачува посета на гинеколог кој ќе ви ги препише потребните антибиотици.

Дали настинката се пренесува преку орален секс?

Вирусот на настинка се пренесува преку допирање на носот и устата со прсти каде што се наоѓаат заразните капки. Според тоа, технички, вие нема да го заразите партнерот преку орален секс, а ни тој вас. Но, ако се занесете во страста, ги допирате гениталиите со рацете, а пред тоа сте ги допреле носот или устата, големи се шансите дека можете да се заразите себе или партнерот.
Генерално земено, блискиот контакт со настината личност ги зголемува шансите за пренесување на вирусот и ако во тој момент не можете да си допуштите да бидете болни, најдобриот совет е неколку дена да практикувате само платонска љубов.

Дали грубиот секс е опасен?

Дури и ако сексот знае да стане малку погруб од нормално, веројатно нема да имате некои поголеми негативни последици. Но, грубото триење на пенисот од вагината може да предизвика незгодни внатрешни гребаници. Особено ова е поверојатно да се случи ако не сте доволно навлажнети. Затоа, првично проверете ја вашата влажност и/или користете лубриканти. Секако, односот треба да се прекине ако предизвикува болка.

Зошто после оргазмот понекогаш се јавува главоболка?

Причина за главоболката во овој случај, не е оргазмот, туку сексот. Во овој случај, вашето тело реагира на фактот дека сексот е напорна активност, а во самиот чин се зголемува и активноста на мускулите и со тоа се шират крвните садови околу вратот и мозокот.
Главоболката може да ја елиминирате со апчиња против болки, но доколку редовно се јавува оваа појава, не заборавајте тоа да му го споменете на вашиот лекар.

Дали играта со храна за време на сексот е опасна?

Иако во филмовите често може да видиме сцени, „зачинети“ со разни намирници, се препорачува храната да ја држите подалеку од интимните делови. Вагиналните бактерии се хранат со шеќер, па затоа ограничете го пристапот на традиционалните секси намирници како шлаг, топено чоколадо и мед.
Ова не значи дека целосно треба да ја заборавите играта со храна, но ограничете ја на одредени делови на телото, како нозете, рацете, стомакот и грбот, а внимавајте на допирот со гениталиите.

Може ли одредена храна да биде афродизијак?

Секако. Ако сакате да имате неверојатна ноќ со партнерот, за вечера послужите бадеми, морска храна, авокадо, темно чоколадо и аспарагус. Имено, бадемите содржат поголема количина на цинк што го зголемува либидото, исто како и морската храна.
Авокадото го зголемува нивото на калиум кој помага во регулирање на тироидната жлезда, а со тоа влијае и на либидото. Од друга страна, темното чоколадо во мозокот го зголемува нивото на хормони кои ве носат во секс расположение, додека аспарагусот е богат со витамин Е.