Секс поза кога ве боли грбот

Оние кои никогаш не почувствувале болка во грбот немаат поим низ што се поминуваат луѓето кои имаат хронични болки во грбот.

Многумина поради тоа се воздржуваат од секс, знаејќи дека една страсна ноќ може да ги чини болки неколку недели, а неретко и месеци. Заради тоа често ги прашуваат физиотерапевтите што да прават кога ќе се појават болките во текот, но и по сексуалниот однос.

Поради овој проблем научниците започнаа да ја истражуваат оваа тема со цел да им помогнат на луѓето со овој проблем да имаат здрав сексуален живот, па со помош на инфрацрвени и електромагнетни зраци го снимале дрижењето на рбетите на паровите додека воделе љубов.

Иако досега се веруваше дека позата „од страна“ е најдобра за оние кои патат од болки во грбот, се воспостави дека и баш не е така. Позата „од позади“, позната како „доги стајл“, многу повеќе им одговара на овие луѓе бидејќи постојат повеќе типови на болки и сите немаат исти тегоби.

Авторите на студијата додаваат дека за мажите подобро е да се потпрат на движењето на колковите, отколку на рбетот. Исто така, тие најавија дека во најскоро време ќе ги објават и деталите за тоа што се случува со рбетот на жената која го има истиот проблем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.