Секс

Секс пози кои мажите не ги поднесуваат

Секс пози кои мажите не ги поднесуваат

„Не поднесуваат“ можеби е пресилен збор, но дефинитивно постојат пози кои мажите би биле среќни кога ќе ги заобиколат, ако им појде од рака. Секако станува збор за лична преференција и не постои совршена поза. Секое тело е различно и реакциите на задоволството не се исти, поради што не може да се каже која поза е добра или лоша за секој. Така една поза за мажите е совршена, а за друга катастрофална. Исто е и со жените, пренесува „Cosmopolitan.rs.“.

Разговорот со мажите ни даде увид за тоа кои пози најмалку ги воодушевуваар. Ова е тоа што тие имаат да кажат:

Стоечка

„Навистина може без поза во која двајцата треба да стоиме еден кон друг. Стоејќи од позади може да биде одлично, но свртени еден кон друг има премногу работа која многу малку се исплати. Освен тоа ако имате супер природна сила и девојка од 40 килограми, во друг случај не е забавно“, вели 35 годишниот Марко.

Каубојка

„Навистина сакам кога жената е над мене, кога знае што сака и прави, но ништо не ме плаши повеќе од тоа дека таа ќе почне премногу да скока нагоре-надоле. Се плашам дека кога се враќа надоле, ќе се помести и можам да завршам со скршен пенис“, вели 29 годишниот Стефан.

par-1412790541-49472

Кога девојката ми седи на лицето

„Навистина сакам кога на девојката и пружам орален секс, но исто така не сакам кога таа ми седи на лицето за време на чинот. Знам дека поголемиот дел од моите пријатели тоа го обожуваат и можеби јас нешто правам погрешно, но на моменти не можам да дишам, таа никогаш не е опуштена и најдраго би и пружил орален секс во било која друга поза“, вели Игор (32).

Лажица

„Не ја поднесувам оваа поза. Максималното триење меѓу чаршафите е најчудната работа, посебно ако сте иста висина. А, што да правам со раката на која лежам Таа секогаш ми смета, а најлош дел од се е тоа што можам да замислам како тоа изгледа од страна и колку целата работа е смешна и едноставна ако се изгуби фокус“, вели Никола (30).

Превртена каубојка во лежечка варијанта

„Ок, да објаснам. Јас ја сакам превртената каубојка, но она што не сакам кога сме во оваа поза, а таа одлучи да легне преку мене и јас морам да замислувам дека мојот пенис дека се крши во неа. Ако е уморна, најдобро е да ја промениме позата, а не таа да ме користи како душек додека уште се наоѓам во неа“, вели Петар (29).

poljubac-1384348743-19676

Мисионерска

„Едноставно ми е досадна. Сакам да го гледам нејзиното лице, но таа поза практично ништо друго не прави за мене. Никогаш не можам да дојдам до кргазам, така да уживањето и го оставам на неа, па подоцна се префрлам на поза која мене ми одговара. Затоа не сум единствениот маж кој вели дека најмногу му одговара кучешката поза“, вели 27 годишниот Иван.

Било што комплицирано

Мажите колективно се согласија дека ако слушнат за одредена поза на Кама Сутра, всушност не се многу воодушевени.

„Ако некоја поза е од Кама Сутра знам дека ќе морам да ги напрегнам моите мускули, да го извиткам грбот и да се најдам во некоја јога поза од која нема да знам како да се вратим во нормала“, вели 25 годишниот Милош.