Секс пози за секоја цел

Во зависност од тоа што сакате во сексот (поголемо уживање, продолжено дејство, брзо зачнување) еве можност да ги проучите најдобрите положби за секој случај.

Да потрае

Една петина од мажите го доживуваат оргазмот по две минути секс, а пребрзиот крај може да се спречи со изборот на вистинската поза. Најдобра во таа смисла е мисионерската поза. Додека се во оваа положба мажите се тие што ја конторолираат ситуацијата во целост. Многу лесно може да застане кога сексот ќе стане премногу интензивен и да направи мала пауза, а потоа да продолжи. Одличен избор се и кондомите што го намалуваат триењето, со тоа ќе се спречи прераната ејакулација.

За зачнување

За двојките кои планираат да станат родители најдобра е мисионерската поза, тврди американскиот секс терапевт Ејми Левин. Таа поза на сперматозоидите им го олеснува патот до јајце клетките, особено ако под вас ставите перница. Со тоа го кревате карличниот предел и спречувате да истече ејакулатот со што се подобруваат шансите за зачнување.

Доколку партнерот е надарен

Позата ножички или страничната положба се најдобар избор доколку вашиот партнер е надарен. Таа поза на жената ќе и овозможи подобра контрола над пенетрацијата и движењето на партнерот. Таа го диктира интензитетот.

Ако не е надарен

Експертите истакнуваат дека големината на пенисот не е пресудна за сексуалното задоволство, но постојат одредени пози кои што се препорачуваат доколку партнерот има помал пенис. Најдобра поза е ако жената е горе, но притоа важно е поретко да се крева и спушта, а повеќе да се ослонува на кружни движења.

За нејзината самодоверба

За жените што за време на сексот се чувствуваат помалку несигурно, најдобра поза е каубојка, тврди др. Деби Хербеник, авторка на книгата Зошто е толку добро: Женски водач за сексуално задоволство. Таа поза им овозможува целосна контрола и им покажува колку се моќни. Телесната димензија им помага на жените да ја зајакнат сексуалната самодоверба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.