Секс во тројка-уживање или тортура?

Луѓето имаат секс во тројка почесто отколку што мислите, што веројатно и не е толку необично ако земете во предвид дека една од најчестите машки фантазии е секс со две девојки во исто време. Во продолжение прочитајте ги искуствата на луѓето кои уживале во сексот во тројка.

 

Вториот пат не е секогаш подобар

Првиот пат имав секс во тројка со пријател и со момчето со кое се гледав и беше одлично. Сите тројца уживавме, немаше љубомора (благодарение на алкохолот) и тоа беше прекрасно искуство. Но, кога неколку месеци подоцна одлучивме да го повториме тоа, беше очајно. Дали моментот беше лош или едноставно не бевме расположени за тоа, не знам, но тоа не` наведе да сфатиме дека понекогаш е подобро да не се обидуваме да ги оживееме убавите искуства од минатото“, вели Бригита (33), пренесува сајтот YourTango.

 

Може да има премногу пениси

Мојот стар пријател со кој повремено имав секс беше заинтересиран да пробаме секс со уште еден маж, а јас мислев дека верувам дека и тоа би можело да биде интересно искуство. Но, секој пат кога ќе ми предложеше тоа навистина да го направиме, јас си помислував, хм, сепак не, подобро ми е вака. Од друга страна, секогаш бев расположена за тројка со него и со уште една наша заедничка пријателка. Тоа го повторувавме во повеќе наврати и секој пат беше добро“, вели Ана (29).

 

Може да има премногу вагини

Целиот живот живеев во убедување дека сексот во тројка би требало да биде најдобрата работа на светот. Две жени и јас?  Но, кога тоа навистина се случи, не можев да доживеам ерекција. Притисокот беше преголем. И тоа понижувачко искуство засекогаш ми ја уби фантазијата за сексво тројка“, е искрен еден 29-годишен маж.

 

Подобро е ако сте вие тој „третиот“

Моето искуство вели дека сексот во тројка е секогаш подобар ако сте вие оној „третиот“. Ако уживате во сексот со двајца луѓе кои веќе се во врска, можете да се сконцентрирате на сопственото уживање и не морате да се грижите како тоа подоцна ќе влијае на вашата врска“, вели Колин (30).