Секс за една ноќ: Тајната врска меѓу генетиката и промискуитетноста

Секс за една ноќ: Тајната врска меѓу генетиката и промискуитетноста
Секс за една ноќ: Тајната врска меѓу генетиката и промискуитетноста

Некои во потполност се против овој начин на забава, на некои им е сеедно, а некои се толку импресионирани од сексот без обврски. Без оглед на тоа во која категорија припаѓате, овие научни факти ќе ви помогнат подобро да разберете што е точно секс за една ноќ и уште поважно, што не е.

Утрото потоа и различните чувства

Жените и мажите гледаат на друг начин на сексот без обврски. Психологот Ен Кембел спровела истражување н а 3.300 мажи и жени, а резултатите го покажуваат она што на некој начин веќе го знаевме: кога ги прашала мажите како се чувствуваат по секс за една ноќ, голем број од нив изразиле позитивни чувства како среѓа и гордост. Жените, пак, од друга страна, не чувствувале ни среќа ни гордост. Своите чувства ги опишале како срам и чувство на евтино.

seks-1389104170-23568

Сексот без обврски е поврзан со лошата психичка состојба

Не значи дека сте луди или депресивни ако сакате секс без обврски, но ако му верувате на истражувањето кое го направило Универзитетот Охајо Стејт, кој е спроведен на 10.000 луѓе, не сте во идеална состојба. Голем процент луѓе кои бираат секс без обврски како начин на социјализација пати од некој вид на депресија или лоша самодоверба, а приметено е и зголемено учество на лица кои имаат самоубиствени мисли.

par-u-krevetu-1406147773-42528

Тоа е и состојба на генетика

Психологот Џастин Гарсија спроведе истражување за да се провери дали промискуитетноста и сконоста кон сексот без обврски имаат некаква врска со генетиката и дошол до интересен заклучок: лицата кои имаат ген под назив DRD4 се склони кон вакво однесување. Генот влијае на излачувањето на допамин, а е поврзан и со бројни други нарушувања како ADHD и алкохолизам. Тоа секако не значи дека луѓето кои се склони кон неверство можат да се извлекуваат на овој ген, стручните лица предупредуваат дека сексуалното однесување со овој ген влијае и на бројни други фактори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.