Секс за одмазда, најдобра терапија по разделбата!

Страдање, солзи и болка се составен дел на секоја разделба. Секако, не е лесно да се преболи личноста со која сте поминале доста време, но не ви е од корист да се затворите во четири ѕида и да страдате до изнемоштеност.

Она што ви треба е модерна и ефикасна метода која ги брише сеќавањата на поранешните партнери. Станува збор за секс со друг или „одмазднички секс“ кој помага да ги залекува раните кои настанале со раскинувањето.

До овие резултати дошле научниците кои истражувале најефикасни начини да се залечат раните и да се преболи разделбата. Се испоставило дека сексот со друг, е најдобра терапија и за кратко време ги елиминира духовите од минатото. Една третина од испитанциите ја пробале оваа метода и биле презадоволни од резултатите.

Кон заздравувачки секс биле склони оние партнери кои биле изневерени и оставени, а се со цел на побрзо заборавање и преболување на разделбата. Но, научниците напоменуваат дека човекот треба да знае кога е доста бидејќи доколку сексот продолжи и половина година од разделбата, тоа може да биде знак дека личноста не е способна да продолжи понатаму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.