Секс за слабеење: Најдобри пози за незаборавен оргазам и за топење килограми

Ако пробате некои од овие пози и ги практикувате често, сигурно ќе убиете две муви со еден удар – ќе го доведете телото во ред, а ќе имате и неверојатно уживање.

Сите знаат дека сексот е добар за здравјето. Освен што љубовните активности помагаат за намалување на зголемениот притисок, го подобруваат имунитетот и ги штитат крвните садови од болести, сексот може да претставува добар овлик на физичка активност.

Баш како што се потите во теретана, можете да се испотите и да ги обликувате мускулите и во спалната соба! Секако бројот на потрошените калории зависи од тежината на партнерот, траењето на сексот и позите, односно од мускулите и мускулните групи што се користат.

  1. Во стоечка поза

Станува збор за класичната стоечка поза, идеална за секс на брзина. Тој стои исправено и ве крева така што ќе можете да ги ставите нозете околу неговата половина. За полесно балансирање може да се потпрете на ѕид. Оваа поза е одлична за жените што сакаат нивниот партнер да ја има целата контрола, но ако дамите сакаат да поработат со мускулите, може и сами да се оттурнуваат додека цврсто се држат за рамињата на својот партнер. Единствениот проблем е што тој мора да има прилично силни раце.

  1. Лулашка

Партнерот треба…