Секс за време на менструација ?

Често има полемики дали двојките треба да имаат односи кога жената има менструација. На некои од нив тоа не им е хигиенски, додека други токму во тој период не можат да оддолеат.

Лекарите велат дека за време на циклусот женските генитални органи не трпат никакви физички промени ниту пак се посебно чувствителни. Но хормонските промени кои се случуваат во тој период кај некои жени можат да бидат побурни и може да предизвикаат главоболка, раздразливост, замор, претерано крварење, болна менструација.

Доколку ги имате овие тешкотии, секако дека не ви е до секс, но ако имате циклус без овие симптоми, тогаш не постои ниту една медицински оправдана забрана да водите љубов со партнерот за време на овие денови. Менструалната крв не може да предизвика никакви контраиндикации, освен во случај на полово преносливи болести.

Спроведеното истражување на таа тема вели дека 80 проценти од жените избегнуваат сексуални односи со партнерот кога имаат менсутрации, 75 отсто не сакаат ниту да се галат.

Сепак, некои жени чувствуваат неверојатен сексуален нагон за време на циклусот, па не ретко можат многу повеќе да уживаат во секс баш за време на менструацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.