Секс

Мажите кои пијат пиво имаат подобра ерекција

Мажите кои пијат пиво имаат подобра ерекција

Постојат верувања, а според досегашните истражувања и факти, дека алкохолот го намалува либидото и така им прави штета на мажите во кревет бидејќи не можат долго да „траат“. Сепак, најновото откритие на Кет Ван Кирк, сексолог, го докажува токму спротивното, што ќе ги развесели љубителите на пиво. Имено, неколку чаши пиво пред секс на мажите им помагаат подобро да се докажат во кревет.

Во својата книга „Решенија за брачен секс: Реален водич за спас на сексуалниот живот“ опишува четири начини на кои мажите можат да профитираат од пиењето пиво.

1. „Траат“ подолго

Пивото ослободува големи количини фитоестрогени, кои докажано го одложуваат оргазмот.

2. Интензивна ерекција

Темното пиво е уште подобро од светлото бидејќи содржи железо, кое потикнува циркулација, па ерекциите се подолги и поинтензивни, пишува Њујорк Пост.

3. Помал ризик од инфракт

Мажите кои секојдневно пијат пиво се поиздржливи во физичките активности отколку оние кои воопшто не конзумираат. Покрај тоа, оние кои пијат пиво имаат 31 отсто помал ризик од срцеви заболувања, ифаркт, како и мозочен удар, откриле италијанските научници.

4. Подобро варење

Пивото го урамнотежува метаболизмот, што значи дека луѓето кои го пијат не би требало да имаат проблеми со нервозни црева среде сексуални игри. Богато е и со витамин Б кој поволно влијае на варењето.