„За“ и „против“ секс со пријател?

Додека едни сметаат дека пријателството и сексот не треба да се мешаат, други веруваат дека тоа е една одлична комбинација.

„Пријатели со привилегии“ е многу популарен облик на модерна врска, а резултатите од едно неодамнешно истражување покажуваат дека дури 60 отсто од Американците се впуштиле во таков однос.

Но, што воопшто значи пријатели со привилегии?

На скалата меѓу секс без обврски за една ноќ и роматичен однос, пријателството во комбинација со повремени сексуални односи е некаде на средина.

Таков однос не е баш целосно без емоции бидејќи се во прашање пријатели кои се познаваат, делат одредени искуства и интересирања. Од друга страна, не постојат обврски во смисла планирање заедничка иднина.

Освен очигледните предности како што е сексуалното задоволство, ваквата врска меѓу пријатели може да има две цели. Може да биде „резерва“ додека не се појави нешто подобро или може да служи како „пробен рок“ дали нешто воопшто ни одговара и можемо со него да имаме „вистинска“ врска.

Меѓутоа, по „пробниот рок“ одговорот е обично „не“, па така само 10 до 20 отсто од пријателите со привилегии се впуштаат во сериозна врска.

Од друга страна, се застапува ставот дека сексот го уништува пријателството и го компликува односот и дека, едноставно, по него веќе ништо не е и не може да биде исто.

Токму тоа многумина го имаат ум кога размислуваат за впуштање во врска со привилегии. Неодамнешните студии покажале дека најголем недостиг на пријателите со привилегии е токму губењето на пријателскиот однос со таа личности, а како втор недостиг се покажала можност од развој на непредвидени чувства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.