Секси Елена во улога на Кристина Агилера

Спектакуларното регионално шоу „Твоето лице звучи познато“ од недела во недела станува се повозбудливо, имитациите се подобри, натпреварувачите се послободни, пишува забавниот портал „Вистина.мк“

Четвртата епизода ја отвори нашата Елена Ристеска со својата имитација на Кристина Агилера, со која го воодушеви четиричленото жири кој имаше само пофалби за нашата пејачка. Сите членови ја пофалија, а гостинот во жирито, хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ изјави дека поради Елена почна да му се допаѓа и Кристина Агилера. Марија Михајловиќ рече дека Елена изгледа одлично и дека супер се снаоѓа во улогата, а Иван Ивановиќ и Ѓуро рекоа дека уживаа во нејзиниот настап.

Screenshot_6

Бане Мојиќевиќ беше извонреден во улогата на најпознатиот починат српски пејач на народни мелодии Тома Здравковиќ, како вокално така и визуелно потполно го врати Тома во живот. Потоа следуваа Иван и Катарина со феноменалната изведба на дел од мјузиклот „Фантом во операта„, а Неда Украден воодушеви со имитацијата на Рамштајн.Screenshot_5

Screenshot_4

По енергичниот настап на Неда, Чипи влезе во кожата на Сергеј Ќетковиќ со баладата „Погледи у тами“, за да изведбата и имитацијата на Кеба на Зорица Брунцлик, со помош на Кемиш слатко ја насмее и публиката и жирито. Тој се послужи со хелиум од балоните за да ги симне високите тонови на Зорица, а исто така го баци Кемиш во уста за да се биде верно на оригиналот.

Screenshot_2

Емотивен и одличен настап имаше и Јелена Гавриловиќ која на публиката верно и ја претстави Шинед О’ Конор, а Тања Савиќ буквално скокаше од среќа, и тоа на трамбулина. Жирито заклучи дека Тања одлично ја изведе песната од Ивана Негатив, бидејќи многу е тешко да се скока и да се пее во исто време.
Тончи Хуљиќ беше многу критикуван во текот на вчерашната епизода од страна на Твитерџиите поради фактот што кажа дека не знае која е всушност Ивана Негатив, која Тања Савиќ ја имитираше, бидејќи им беше многу симптоматично да не слушнал за една толку добра и квалитетна пејачка.

Screenshot_3

Настапот на Оки беше извонреден, тој максимално го симна Луј Амстронг, секое негово движење и особената боја на гласот, а насмевката по која е препознатлив изостана поради маската која му го затегаше лицето. Жирито и публиката беа воодушевени, а Иван Ивановиќ се пошегува дека за прв пат го слуша Џеј да ја пее таа песна, алудирајќи на сличноста на маската на Оки со Џеј Рамадановски.

Screenshot_1

Победник на четвртата епизода беше токму тој, а чекот со победничките 1.000 евра го даде на едно здружение на деца со аутизам кое ќе ги однесе децата на екскурзија.