Секси совет, еве што е најдобро да правите по секс

Она што следи по сексот е подеднакво е важно како и самиот жежок чин кој се одвива под чаршав. Сепак, многу двојки не се свесни за тоа, па на тој момент не придаваат премногу внимание.Ако го правите и вие истото, мора да знаете дека станува збор за голема грешка.

Нежноста по сексот е многу важна за уште подлабоко поврзување со партнерот и раѓање на уште поголема блискост во врската.Неколку работи треба да следуваат по сексот.

Комплименти

Не постои некој кој не сака комплименти, посебно оние кои следат по сексот. Да пофалите некој ако бил одличен во кревет и дека врвно ве задоволил, е нешто најубаво што можете да му пружите во момент по сексот. Така не само што ќе му го кренете егото, туку и ќе го охрабрите на други жешки акции.

Галење

Бакнувањето и разменувањето на нежност се најслатки по секс. Со тоа му покажувате на партнерот дека сте среќни и дека уживате во секој момент со него, дека мислите дека сексот ви е одличен и што е најважно, не сакате да го изгубите.

Масажа

Идеална акција по секс е масирање.Приуштете му на партнерот дополнително уживање допирајќи го таму каде што најмногу сака. А, за оние со високо либидо, ова е одличен начин по еден оргазам да доживее и друг.

Туширање

Наполнете ја кадата со топла вода, ставете миризлива сол, а потоа заедно уживајте. Топлата вода, сапуница, свеќи, бакнување, шампонирање еден со друг. Акција на која никој не може да оддолее.