недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 34

Сексот ги брише брчките, ги чува забите и штити од рак на простата

Последни вести

Секако дека „не е се’“ во сексот, но со сексот може да си осигураме психичко и физичко здравје.

Освен добро расположение, смиреност и задоволство, сексот, според најновите студии на д-р Џенифер Ридер од Хардвард, покажува дека мажите кои често ејакулираат помалку заболуваат од рак на простата.

Пред 18 години 31.925 мажи се согласиле Ридер да биде упатена во нивните сексуални односи и здравствената состојба . 3.893 од нив, до денеска заболеле од рак на простата, а 384 починале. 

Редовна ејакулација превенира рак на простата

Редовна ејакулација превенира рак на простата

Редовна ејакулација превенира рак на простата

Се покажало дека тие кои ејакулираа 21 пат во месецот, имаат значително помали изгледи да заболат од оваа болест од мажите кои тоа го прават од четири до седум пати во месецот. Поточно, за првите ризикот од рак е намален за третина. Сепак, докторката открила дека кај напреден стадиум на ракот ејакулацијата нема никакво влијание.

Превентивно е поефектвно, бидејќи опуштањето на хормоните има благотворно дејство на измивање на простатата при ејакулацијата, појаснува докторката која се впуштила во устражувањето откако дошла до податок дека до пред 50-та година мажите ретко заболувалеод овој вид на рак.

Иако пред нејзината студија многу лекари биле уверени во „чудотворното“ дејство на мастурбирањето, Ридер одлучила да ја провери таа теорија, бидејќи, вели, дека нивните заклучоци биле на исто ниво како кога се зборува дека чоколадата помага при слабеење.

И други научници сметаат дка редовната ејакулација превенира рак на простата. За да се произведе семената течност, на простатата и треба многу супстанци од крвта во многу голема концентрација. Ако постојат во крвта канцерогени супстанци, тие исто така ќе се концентрираат со другите корисни и наместо да лутаат низ телото и да прават штета, ќе се излаќат со ејакулацијата.

Уште во 1997 година на Универзитетот „Квинс“ во Белфаст, спроведено е истражување кое покажува дека меѓу мажите кои редовно доживувале оргазам, смртноста била двојно помала од мажите кои немале редовен секс.

Ја подобрува работата на метаболизмот

Ја подобрува работата на метаболизмот

Ја подобрува работата на метаболизмот

Тоа што е уште поважно, водењето љубов значително го намалува ризикот од срцеви болести. Истражувањата покажуваат дека ако сексот се практикува три пати на ден, двојно се намалува ризикот од срцев или мозочен удар.

Треба да се има на ум дека всушност сексот е облик на вежбање. При сексот може да се стопат дури и 200 калории, што е еквивалент на 15 минути трчање на подвижна лента.

Сосема е јасно дека луѓето кои редовно имаат секс имаат значително помала веројатност од срцев удар.

Луѓето задоволни од својот сексуален живот помалку се склони кон прекумерна телесна тежина, висок притисок, депресивни состојби, потење, астма и несоница.
Редовниот секс помага и на оралното здравје. Имено, спермата содржи цинк, калциум и други минерали кои се корисни за здравјето на забите.

Научниците, исто така, сметаат дека и честите гушкања меѓу партнерите го намалува крвниот притисок, а допирите поттикнуваат лачење на окситоцин кој го штити телото од инфекции. Бакнувањето значително ги олеснува симптомите на алергија.

Се бориме со прекумерна тежина, имаме кардиоваскуларни проблеми, депресија… Се’ може да се поправи, а здравствените бенефити се повеќе од доволен мотив да се практикува редовен секс. Совет за крај – почнете уште од денеска!

Најчитани вести