Сексот на првата брачна ноќ повеќе не е во мода

Младенците на првата брачна ноќ попрво прават многу други нешта наместо водење љубов, покажа истражувањето кое неодамна го спроведе компанијата Пејпер Шејкер.

Истражувањето покажало дека дури четвртина од младенците не практикуваат водење љубов на првата ноќ. На прашањето зошто го прескокнале сексот, одговорите биле следни:

– Младоженецот бил пијан (24 отсто)

– Невестата биле преуморна (16 отсто)

– Невестата била пијана (13 отсто)

– Моравме да чуваме деца (11 отсто)

– Се скаравме пред крајот на свадбата (9 отсто)

– Моравме да отпатуваме на меден месец (9 отсто)

– Цела ноќ прославуваме (4 отсто)

– На ниту еден од нас не му се сакаше (4 отсто)

Во истражувањето уште се истакнува дека планирањето на венчавката станува се постресно, па младенците сакаат на забавата да се опуштат со алкохол или едноставно се преуморни, кога се ќе заврши.