Сексот станува подобар после 30-тите

И покрај тоа што велат дека сексот во 30-тите години е најдоброто искуство, поради спојот на сила и енергија, постојат работи за кои многу малку се зборува.

Некои луѓе сметаат дека сексот останува ист до длабока старост, но нашето тело е сложен механизам. Додека со телото до средината на 20-тите години управуват големи количини на хормони, најчестите проблеми на помлада возраст за мажите се предвремена ејакулација, а за жените тешкотијата при постигнување на оргазам. После 30-тите работите се менуваат, а оваа промена не е нужно лоша – само треба да се прилагодите на неа.

Потребно е подолго време за возбуда и за оргазам

Бидејќи нивото на хормоните во телото е помало, возбудата трае само неколку секунди. Иако сексуалната стимулација доаѓа до мозокот, потребно е најмалку пет до десет минути телото да влезе во состојба на вистинска возбуда.

Почест оргазам

Ова особено се однесува на жените кои често се позадоволни со својот сексуален живот во 30-тите, отколку во 20-тите годинни. Причината за почести и посилни оргазми е подобро познавање на сопственото тело и поголема самодоверба, која овозможува подобра комуникација со партнерот.

Хормони влијаат на гениталиите

Влијанието на хормоните, начинот на животот и разни пореметувања поврзани со болести на тироидната жлезда, замор, депресија и стрес, имаат влијание врз самиот сексуален живот. Всушност, жените во 30-тите години поради нив можат да имаат проблеми со возбудата. Ова може да им се случи и на мажите.

Не толку чест, но позначаен секс

Факт е дека луѓето поретко имаат секс во доцните 30-ти години, но тоа не е ништо лошо. Поради обврски, родителство или хормонални промени тие едноставно немаат доволно време. Сепак, истражувањето покажува дека над 70% од мажите и жените веруваат дека нивниот сексуален живот станува подобар и тие повеќе уживаат, физички и емотивно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.