Секс

Сексуални навики кои не треба да се запоставуваат

Сексуални навики кои не треба да се запоставуваат

Еве кои навики треба да ги практикувате, за сексуалниот живот да ви биде подобар:

Побарајте од партнерот она што го посакувате

Стручњаците советуваат дека за сексот подобро е да зборувате надвор од спалната соба, а на тој начин ќе го избегнете притисокот кој може да се почувствува во текот на сексот. Кога ќе ви биде пријатно да зборувате за сексот можете и да испробате „валакни приказни“ во текот на односот.

Редовно самозадоволување

Истражувањата покажуваат дека некои жени не знаат како самите на себе да им угодат и вештини на самозадоволување им се непознати. Самозадоволувањето не треба да се форсира, секоја жена на тој начин би научила што и одговара и што и се допаѓа.Мастурбацијата е облик на сексуално експериментирање и нема ништо лошо во тоа.

Користете лубрикант и кога мислите дека не ви треба

Природната женска лубрикација понекогаш не е доволна и не е показател за тоа колку жената е возбудена. На тоа влијаат различни фактори, фаза на менструален циклус, години, исхрана. За сувоста на вагината да не биде проблем, најдобро е при рака да имате лубрикант.

Не доведувајте го во прашање женскиот оргазам

Многу жени имаат проблем со постигнување на оргазам, а оптоварувањето нема да помогне. Штом жената се грижи за тоа дали сака или не да доживее оргазам може да заборави на тоа дека ќе постигне оргазам. Наместо да се фокусирате на оргазмот, фокусирајте се на уживањето и телото.

Имајте секс и кога не ви е до него

Поради здравиот сексуален живот, понекогаше би требало да имате секс и кога не ви е до тоа. Не е пожелно секогаш да чекате, се да се поклопи. Понекогаш нема да имате време, понекогаш ќе бидете уморни. Но не размислувајте премногу, туку само направете го.