Магазин

„Сексуални правила“ за возачите во Русија

„Сексуални правила“ за возачите во Русија

Владата на Русија воведе „сексуални правила“ за возачите, според кои, трансексуалците и трансегендерите во иднина не ќе може да добиваат возачки дозволи.

Според властите, станува збор за „нездрави состојби“ кои може да бидат закана за безбедноста во сообраќајот, а како „ментални нарушувања“ се означени и фетишизмот, егзибиционизмот и воајеризмот, па и луѓето кои им припаѓаат на овие групи не ќе може повеќе да бидат возачи.

Ваквите одлуки се донесени во рамките на владината најава за заострување на медицинската контрола за возачите, оправдувајќи го тоа со големиот број сообраќајни несреќи во Русија.

Одлуката за „сексуални правила“ за руските возачи доаѓаат по силните критики и осуди во 2013 година од страна на либерланите кругови во Европа и во САД, како и на активистите за геј права и слободи, по одлуката на Владата во Москва за ограничување на правата на хомосексуалците.

Осудите уследија по решението да се третираат како илегални сите облици на „нетрадиционален начин на живот“, иако руските власти велар дека хомосексуалноста не е забранета, туку само „пропагирањето на хомосексуалност кај младите до 18 години“.

Психијатрите и адвокатите за човекови права во Русија ги осудија најновите мерки на владата за „сексуалните правила“ за возачите.

Рускиот психијатар Валери Евтушенко изјави дека новите прописи може да предизвикаат луѓето да одбиваат психијатрска помош плашејќи се дека ќе ја загуват возачката дозвола или неќе може да добијат дозвола за управување со автомобил.

Унијата на професионалните возачи на Русија, меѓутоа, ја поддржа одлуката на Владата. Претставник на Унијата изјави дека „сексуланите правила“ се потребни „за да се намали големиот број несреќи на руските патишта“.