Сексуалните работници маршираа за своите права

Денеска е ден за борба против насилството врз сексуалните работници, па и во Скопје под мотото „Сексуалната работа е работа“ се одржа марш на црвените чадори.

По улицата Македонија во Скопје маршираа сексуални работници, стриптизери и стриптизерки, хотлајн операторки, ескорт девојки и момци, активисти за човекови права и нивни поддржувачи.

Борче Божинов, претседателот на организацијата „Стар-Стар“ вели дека на сексуалните работници секогаш се гледаат низ призмата на трговијата со луѓе, а не низ призмата на правото на избор. Тој смета дека треба конечно да се дефинира правната рамка во која сексуалните работници ќе бидат безбедни. Се проценува дека во Македонија има околу 2.500 сексуални работници, пишува МКД.МК

Фото мкд.мк