Села: Без прифаќање нa албанскиот јазик како службен, нема да има поддршка ни Заев

Предвремени парламентарни избори не се решение и би ја компликувале политичката ситуација во земјата. Ова како што изјави Зијадин Села од Алијансата на Албанците била заедничка констатација на средбата вечерва со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

На новинарско прашање тој повтори дека се е подготвено да ги дадат своите потписи за мандатар за влада, но го повтори партискиот став дека нема фомрирање влада без да се прифати политичката платформа на албанските политчки партии.

– Ако СДСМ сака да формира влада, не треба да ги омаловажува вистинските проблеми. Без прифаќање на албанскиот за службен јазик во сите институции на државата нема да има никаква поддршка ниту Заев ниту која било друга партија, рече Села.

Прашан што подрзабира под широко мнозинство, тој рече дека би бил за влада која има двотретинско мнозинство.

– Широка политичка влада за нас не е лошо решение како политичка опција, со тоа што сите за кои се покренати обвиненија од СЈО не треба да бидат дел од власта. Широка коалиција за влада со тоа што прво ќе почне со промена на Уставот во делот на јазиците и укинување на амандманот со кој ќе се овозможи службени јазици да бидат македонскиот јазик и писмо и албанскиот јазик и писмо, СЈО да стане уставна категорија, со решавање на проблемот со соседите, не велам само со Грција, со цел во мандатот на оваа влада Македонија да стане членка на НАТО. Тоа би било добро решение, рече Села и оцени дека не е сигурен колку пполитичките лидери се подготвени за компромиси.