Села се самопромовира на плажите во Струга

Во недостаток на свои проекти кои би биле од интерес на сите граѓани во општина Струга, градоначалникот Зијадин Села ги користи плажите за себе промовирање. Во неколку наврати министерот Јанакиески, апелира и го повика градоначалникот да постапи согласно своите надлежности во однос на уредување на плажите, објавува Курир.

Секогаш кога не е присутен во јавноста, градоначалникот Села ги користи плажите како изговор за негово медиумско промовирање. Села во ингеренции лично негови како градоначалник е должен да постапи согласно своите законски надлежности.

Повеќе од три години не се превземаат конкретни мерки за воспоставување на ред на струшките плажи. Актуелниот градоначалник виновници за конкретната состојба наоѓа во Министерството за транспорт и врски и концесионерите на плажи.

Според информациите, договорите со концесионерите истекуваат во 2012 година, освен за тројца концесионери кога договорите истекуваат во 2013 година, што значи дека договорите за концесии се уште се во сила кога Општина Струга ги презема надлежностите врз плажите. Во тој дел, Општината доколку утврдила нерегуларности, требало да интервенира.

Граѓаните на Општина Струга очекуваат конкретни мерки од градоначалникот Села за решавање на состојбата со плажите. Струга изобилува со голем туристички потенцијал, кој за жал е занемарен и се користи за ситно дневно политичко поентирање и самопромовирање на градоначалникот Села.

Во неколку наврати министерот Јанакиески, апелира и го повика градоначалникот да постапи согласно своите надлежности во однос на уредување на плажите. Граѓаните на Струга се едногласни дека Села мора да ги почитува своите законски обврски и да создава услови за развој на туризмот во градот.