Бразил2014

Селекторот на Аргентина си најде алиби

Селекторот на Аргентина си најде алиби

Дека е противникот во мала предност, во овој случај репрезентацијата на Германија, смета и актуелниот селектор на Аргентина, Алехандро Сабела, кој потсети дека за разлика од противникот во финалниот натпревар, неговиот тим и во 1/4 финалната и во полуфиналната рунда одигра по 120 минути.

“Ние за разлика од германците игравме продолжетоци и тоа еден ден по полуфиналето кое го играше Германија. Сепак ќе видиме колку таа причина што се „поодморни“ од нас ќе влијае на натпреварот. Тие финалето го обезбедија по 45 минути и водство од 5:0 на полувремето, а ние се боревме до последниот свиреж”, изјави Сабела.