Спорт

Селекторот на БиХ откри кој ќе игра во Бразил

Селекторот на БиХ откри кој ќе игра во Бразил

Селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ, Сафет Сушиќ го објави конечниот список со 24 фудбалери кои ќе настапат на престојниот Мундијал во Бразил.

Искусниот стручњак не приреди нити едно поголемо изненадување кога е во прашање списокот со фудбалери, но фудбалската јавнос е малку изненадена од фактот дека Сушиќ има повикано само двајца напаѓачи, бомбардерот на Манчестер Сити, Един Џеко и напаѓачот на Штутгарт, Ведад Ибишевиќ.

СОСТАВ:

ГОЛМАНИ: Асмир Беговиќ (Стоук), Јасмин Фејзиќ (Ален), Асмир Авдукиќ (Борац).
ОДБРАНА: Емир Спахиќ (Баер Л.), Сеад Колашинац (Шалке), Огњен Врањеш (Елазиг), Ервин Зукановиќ (Гент), Ермин Бичакчиќ (Брауншвајг), Менсур Мујџа (Фрајбург), Тони Шуњиќ (Зорија).
СРЕДЕН РЕД: Сејад Салиховиќ (Хофенхајм), Миралем Пјаниќ (Рома), Сенијад Ибричиќ (Ерчијеспор), Изет Хајровиќ (Галатасарај), Харис Медуњанин (Газиантеп), Сенад Лулиќ (Лацио), Авдија Вршајевиќ (Хајдук), Звјездан Мисимовиќ (Гуижу), Анел Хаџиќ (Штурм), Един Вишча (Истанбул), Тино Сушиќ (Хајдук), Мухамед Бешиќ (Ференцварош).
НАПАД: Ведад Ибишевиќ (Штутгарт), Един Џеко (Манчестер сити).