Селекторот на Холандија ги реши сите дилеми

Нема ниту едно поголемо изненадување кога е во прашање конечниот список со 23 фудбалери кои бранат честа на фудбалската репрезентација на Холандија, на престојниот Мундијал во Бразил.

Предводникот на популарните „лалиња”, Луи ван Гал, пред стартот на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Гана, кој заврши со минимален триумф на Холандија од 1:0, откри кои ќе се обидат да ја поправат грешката од пред четри години, кога Холандија загуби во финалниот натпревар.

СОСТАВ:

ГОЛМАНИ: Клиесен (Ајакс), Ворм (Свонси), Крул (Њукасл). ОДБРАНА: Верхаег (Аугсбург), Јамант (Феенорд), Велтман (Ајакс), Де Вриј (Феенорд), Влар (Астон Вила), Мартинс Инди (Феенорд), Конголо (Феенорд), Блинд (Ајакс). СРЕДЕН РЕД: Фер (Норвич), Де Јонг (Милан), Класие (Феенорд), Де Гузман (Свонси), Вијналдум (ПСВ), Снајдер (Галатасарај). НАПАД: Робен (Баерн М.), Ван Перси (Манчестер Ј.), Хунтелар (Шалке), Кујт (Фенербахче), Ленс (Динамо К.), Депаи (ПСВ).