Селекторот на Тунис резервен голман на мечот со Панама

Селекторот на Тунис го направи најлудиот потег на Мундијалот, откако поради повреди на двајцата голмани на репрезентацијата се пријави за мечот со Панама како голман, за не дај боже, ако се повреди и третиот голман.

Како што јавува „Мирор“ стратегот на „картагенските орли“, Набил Малул во својата фудбалска кариера играл како играч за врска, но се снаоѓал и со бранењето на голот.

Сепак, за среќа на Тунис, голманот остана неповреден, иако прими гол против Панама, и тоа автогол.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.