Селфи фотографиите однесоа повеќе животи од ајкулите

Селфи фотографиите однесоа повеќе животи од ајкулите во 2015-та година.

Дека тоа навистина е така покажуваат и податоците дека ајкулите во 2015-тата усмртиле вкупно осум лица, а додека правеле селфи фотографии настрадале дури 12 лица.

Последна жртва на селфи фотографиите е Јапонецот Хидето Уеда (66), кој пред неколку дена се лизнал и паднал додека се обидувал да се фотографира пред Таџ Махал.

Главна причина за смртта за време на фотографирањето се паѓањата, па експертите предупредуваат дека луѓето би требало да престанат да зјапаат во мобилните телефони додека се наоѓаат на места што би можеле да им го загрозат животот.