Селин Дион во тешка состојба: Постојано на алкохол и лекови

Поминаа шест месеци од смртта на сопругот и на братот на Селин Дион, но таа не успева да најде сила и храброст и да ја надмине тагата.

Славната пејачка е во тешка состојба иако тврди дека сѐ е во ред со неа. Пријателите се загрижени за неа, зашто почнала сѐ повеќе да пие алкохол и „тешки“ лекови, не излегува од дома, параноична е и не може да се грижи за децата. Освен тоа и видно ослабела.

Рене Анзелил, сопругот на пејачката, умре во почетокот на годината, по долга борба со ракот. Само неколку дена по оваа трагедија, почина и братот на пејачката, Даниел, исто така од карцином.

Селин остана сама со тројцата синови: Рене Чарлс (15) и близнаците Нелсон и Еди (6).